Педесет вредни олдтајмери пронајдени во скриен хангар (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во една огромна гаража во Пенсилванија во САД беа пронајдени околу 50 олдтајмери од кои многу се произведени уште во 30-тите години од минатиот век. Возилата му припаѓале на локалниот колекционер Лари Шрол, кој поголемиотдел од својот живот го минал собирајќи класични автомобили. Овој ентузијаст починал во 2018 година, а не го инфомирал своето семество за постоење на неговата единствена гаража во шумата.

Семејството Шол било затекнато од колекцијата на стари автомобили, па одлулила да го контактира јутјуберот Мареј, кој го води каналот IronTrap Garage, специјализиран за стари и тркачки автомобили од Втората светска војна.

Тој земал два автомобили од Ford и тоа model B од 1932 и 1934 догина и рекол дека ќе му помогне на семејството. Тој се согласил да ги реставрира овие автомобили покажувајќи ја постапката на свјот канал на youtube, а ќе одржи три аукции годинава на кои ќе се продава целокупната колекција во серии.

Сите пронајдени возила биле направени меѓу 20-тите и 70-тите години од минатиот век, а според зборовите на стручњаците 99 процени од оваа колекција ја сочинуваат „висококолекционерски“ автомобили. Лари Шрол не успеал да направи големо богарство и бил обичен работник, а поголем дел од својот живот го минал во фабрика за хартија. Автомобилите почнал да ги собира во 1961 година и продолжил сè до 90-тите.

„Тој купувал автомобили кои сега вредат околу 20.000 долари, а тогаш ги платил околу 1.000 долари“, рекол Мареј откако ја видел колекцијата.

Додека некои колекционери се фокусираат на одреден бренд или ера на автомобили, Шрол ги купувал само оние кои ги сака, без оглед на произведувачот. Мареј потврдува дека колекцијата е неверојатна поради големата разновидност на возилата и добрата ситуација во која многу од нив уште се наоѓаат. Некои автомобили уште имаат зачувана боја и се во возна состојба дури и без поправки.

Првата аукција е закажана за 18 април на саемот во Јорк, но со оглед на ситуацијата ќе биде одложена за подобри времиња. Инаку, поголемиот дел од автомобилите се очекува да бидт продадени за цена меѓу 5.000 и 10.000 долари, а некои веројатно меѓу 20.000 и 50.000 долари. Во колекцијата има некои многу еклсузивни и ретки модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK