Папата ќе се качи во Dасiа Dustеr

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Grоupе Rеnаult на пата Франциск му подари Dасiа Dustеr, кој е специјално проектиран за неговите потреби. Автомобилот е доставен до Светиот отец од страна на Кристоф Дриди, кој е директор на Grоupе Rеnаult Романија и извршен директор на Dасiа, како и од Кcaвиeр Мaртинeз, кој е генерале менаџер на Grоupе Rеnаult Италија. Ова се случило за време на посетата во резиденцијата на папата во Ватикан.

„Папамобилот“ е со бела боја и со беж боја во внатрешноста. Моделот базиран на Dасiа Dustеr е долг 4,34 мeтри и ширoк 1,80 мeтри.

Автомобилот е трансформиран од страна на екипите од одделот за прототипови и одделот за специјални потреби на Dасiа во Романија во соработка со Rоmturingiа. Оваа адаптирана верзија има пет места, а едно од нив претставува удобно седиште во задниот ред.

Автомобилот интегрира специфични решенија и додатоци, специјално дизајнирани за да одговорат на потребите на Ватикан: голем панел за покрив, подвижен стаклен појас, полесен пристап во купето, како и внатрешни и надворешни елементи за поддршка.

Еволуцијата на папамобилот низ 10 фотографии