Паника во Србија – Дури 100.000 возила нема да поминат на технички!

ОБЈАВЕНО НА:

Кај нашиот северен сосед на сила стапуваат нови правила, па голем е стравот дека според новите правила техничкиот преглед нема да можат да го минат повеќе од 100.000 возила. Возачите се збунети и се надеваат дека овие промените на новите правила ќе бидат одложени…

Србија подготви нови правила за спроведување на технички тестови на возила кои би требале да стапат на сила на 5 јули во 2021 година, а според нив изгледа дека дури и повеќе од 100.000 автомобили нема да можат да ги минат истите. Имено, од тој датум ќе престане да важи законската толеранција на непрописна количина на издувни гасови.

Треба секако да се потсети дека во Србија новиот заостран правилник за технички прегледи стапи на сила пред две години, но со одредба дека се дава рок од три години за сите станици сами да ја испитаат техничката исправност на возилата, а самите сопственици на возила да се прилагодат на новите правила кои донесуваат силно строи мерки на контрола на емисија на штетни гасови.

Актуелните истражувања во Србија укажуваат дека новите норми нема да можат да бидат задоволени од дури од повеќе од 100.000 автомобили, што е огромен број, па разбирлива е загриженоста и зачуденоста на сопствениците на погодените возила. Тоа знали дека секој 20. автомобил нема да помине на технички преглед, а со тоа нема да може да се регистрира возилото.

Со овој проблем се опфатени во прв ред возилата кои немаат катализатор и кои ќе мораат да ја исполнат емисијата на штетни гасови како кога биле нови. Сепак, освен катализаторот тука е и проблемот кај дизел моторите со DPF или филтерите за честички кои служат за прочистување на издувни гасови. Со оглед на тоа дека нивната замена е скапа, речиси сите постари автомобили ги имаат отстрането, а сега по ново без нив нема да може да биде поминат техничкиот преглед. Исто така користените автомобили кои доаѓаат од увоз во таа земја главно доаѓаат без DPF.

Меѓутоа, проблемот не е само со автомобилите и новите норми, останува поразителен фактот дека само 250 од 1.150 станици за технички преглед се адаптирани на новите норми. Останува големо прашањето на кое нема одговор, дали рокот ќе биде продолжен. Многумина се ндеваат дека поради пандемијата и економската криза рокот на примена на новите построги норми ќе продолжи најмалку до почетокот на 2022 година, но не и подоцна бидејќи во Србија се надеваат  дека во Европската унија ќе бидат примени до 2026 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK