Овој супер луксузен СУВ се прави за 16 дена (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За да се склопи еден Bentley Bentayga Speed потребни се многу работи, а сето тоа може да биде споено за 16 работни денови или 127 часа човечка работа. Овој модел се склопува во Кру во Англија, кој е дом на Bentley уште од 1946 година, а како што наведуваат некои анализи VW групацијата заработила преку 500 милиони евра за две години со нив.

На дрвените делови се работи околу десет часа, на бојата ооклу 23, на моторот во просек 13,4 часа, додека автомобилот се склопува за околу 52,5 часа.

Серијата V8, Design, Diesel и Hybrid добија друштво во Bentayga Speed на СУВ пазарот, кој доста потсетува на спортски автомобил бидејќи му се потребни околу четири секунди да дојде до 100 км/ч додека максималната брзина која може да ја развие е 305 км/ч.

 

Доколку овој се спореди со W12 моделот, ќе се види дека има дополнителни 26 коњски сили и за неколку десетинки порано пристига до 100 км/ч. Го движи 6.0 мотор V12, со 626 коњски сили и вртежен момент од 900Nm.

Во САД, колку за пример, овој автомобил може да се купи за околу 236.000 долари во овој момент, а се очекува неговата цена да продолжи да расте.