Овие модели на Mercedes нема да добијат AMG верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Проширувањето на понудата на Mercedes со нови модели, го зголемува и бројот на високоперформансни AMG автомобили. Сепак, секој Mercedes не е предвиден да мине низ AMG третман. Motor Trend пишува дека двата модели дефинитивно се исклучени од тоа, а станува збор за Mercedes B-class и електричното СУВ, EQC.

Списокот е краток и не е неочекуван. Имено од B-class, кој е претставник во MPV сегментот, кој е типичен семеен автомобил, не се очекува да има спортска верзија. За оние кои сакаат спортски имиџ, Mercedes нуди AMG Line пакет кој на ова возило му дава колку-толку спортски изглед, без дополнителна инјекција на сила.

Што се однесува до електричниот модел EQC, шефот на AMG одделението, Тобијас Морс, потврди дека овој автомобил нема да има класична AMG варијанта, но на купувачите исто така ќе им понуди и стилски AMG Line пакет со спортски естетски додатоци, поголеми алуминиумски бандажи и нископрофилни гуми.

Покрај тоа, не треба да се заборави дека веќе и во стандардната верзија EQC има доволно моќен погонски систем кој во збирот дава дури 407 коњски сили (300 kW) и 765 Nm и благодарение на него автомобилот успева да стигне од 0 до 100 км/ч за само 5,1 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK