Оваа недела ќе „фрчат контроли“ во Србија, Бугарија и Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Министерствата за внатрешни работи на Србија, Бугарија и Грција оваа недела ќе спроведат акција за засилена контрола на брзината на возење. Тоа е дел од меѓународната кација што почна на 12 август и ќе трае до 18 август во сите земји челнки на ТИСПОЛ (Мрежа на сообраќајни полиции на Европа). Македонија не е членка на оваа огранизација, исто како и Србија, но нашиот северен сосед реши да се приклучи на акцијата. Во ова организација членуваат од 28 земји од Европа.

Сообраќајната полиција во овие три земји соседи на Македонија ќе ги користат сите расположливи средства и уреди за мерење на брзинатаЧ рачни радари и системи за видео надзор и уреди за мерење на брзината инсталирани во возилата нареќени „пресретнувачи“. На автопатиштата ќе се мери и брзината, како и просечната брзина меѓу наплатните рампи.

Контролата на брзината ќе биде спреоведена и ноќе. Полицијата ќе ги контролира сите оние што ќе бидат сопрени и ќе проверува и дали користат ремени и дали возат под дејство на алкохол. Значи ако бидете сопрени ќе има повеќе контроли.

Според податоците најчест фактор за сообраќајните несреќи се токму неприлагодената брзина на патиштата.
На македонските патишта веќе е пракса да има чести контроли, и секоја недела барем по 100-200 возачи се казнуваа за најразлични причини и тоа за еден викенд.

Инаку ваква контрола ќе се спроведува и во Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија… Па ако патувате во овие земји неделава со автомобил, внимавајте!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK