Ова го има само во Естонија: Ако возиш пребрзо, добиваш покана за донатор на органи

ОБЈАВЕНО НА:

Сообраќајната полиција во Естонија почнала акција со која им врачува книшки за донатори на возачите кои биле уловени како возат со зголемена брзина. Брошурите во кои се опишува процедурата за дарување на органи се даваат како „бонус“ заедно со казните.

„Ако човек сам презема таков ризик зошто после тоа лекарите треба да бараат согласност од роднините за донација на органите“, вели Андрес Синимери, кој е началник на полицијата во Парну.

Тој вели дека возачите можат самите да се согласат за донација на нивните органи. Не се смета оваа кампања ќе го зголеми бројот на донатори, но се смета на намалување на бројот на смртни случаи на патиштата.

Според сообраќајната администрација на Естонија меѓу 12 и 15 проценти од возачите во земјата годишно возат со поголема брзина од дозволеното. Акцијата со брошурите за донација ќе продолжи до крајот на ноември. Притоа оние кои биле фатени како возат со поголема брзина од дозволеното велат дека агитирањето придонело да ги почитуваат правилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK