Ова е електричната Skoda Enyaq – веќе се тестира

ОБЈАВЕНО НА:

Чесите планираат да создадат два кросовери на база на концепцискиот модел Vision iV. Првиот од нив ќе го носи името Enyaq, додека вториот најверојатно многу ќе наликува на првиот, но со лежерен компресивен покрив сличен на тој кај концептот.

Првиот модел на брендот на „летечката стрела“, развиен на општата електрична платформа на групта VW – МЕВ – Enyaq, до скоро време беше тестиран во вид на тананареченото „Mule“, направено на база на моделот Tiguan. Со него основно се тестираше работата на новите агретати, но сега папараците го уловиле Enyaq во сопствената каросерија и тоа во сериска форма.

Целокупната силуета на автомобилот се покаѓа дека е речиси идентична на користениот со иста платформа VW ID.4. На практика тоа е чешки клон на германската машина, а се разликува од неа со поразлична решетка на ладилникот, предни и задни светла и браници.

Сличноста на двата модели не завршува само со надворешниот изглед. Идентичен е и техничкиот дел што значи дека чешката варијанта ќе нуди можност соедно полнење да се поминуваат над 500 километри по циклусот WLTP со акумулатор од 82 кВтч.

Погонот ќе биде во двете постојни опции – заден/со еден електромотор од 204 коњски сили или комплетен/со два мотори, 102 коњски сили, 150 Нм на предната оска и 204 коњски сили и 310 Нм на задната оска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK