Откаде доаѓаат автомобилските освежувачи?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските ароматизатори се толку банални што дури никој не ни помислува на нив се до моментот додека не влезете во такси и не видите дека има пет на едно место и не си поставите прашање што се ободува да сокрие со нив. Интересно е прашањето откаде потекнуваат, колку се стари и зошто имаат форма на елка или бор, дури и кога мирисаат на чај од јаболко со ванила? Има цела историја за тоа.

Два историски настани се причина за појавата на ароматизаторите. Првиот е нацизмот во Германија, кој го протерал хемичарот со еврејско потекло Јулиус Земан во Северна Америка. Таму експерот за етерични масла се фатил со работа да извлекува мириси од иглолисните видови на шума во Канада.

Вториот настан во никој случај не бил толку монументален од историска гледна точка. Едноставно еден ден во 1952 година млекарот, додека оставал шише на тремот на Земан во градчето Ворттаун во Њујорк, се исекол со хемикалии. Станало збор за мириси и млекарот се пожалил дека во автомобилот не се седи од смрдеата од постојано излевање на млекото.

Земан се замислил за проблемот и набрзо стигнал до решението. Накиснал парче дебела хартија во мирис на кедрово масло. Идејата не била само да ја исече хартијата во форма на дрво туку и да патентира форма, како и опаковка од целофанот. Имигрантот почна производство во гаража под наем и почнал да испраќа бесплатни мустри по бензинските станици и наскоро бизнисот тргнал.

Денеска компанијата која била основана од него Car-Freshener продава близу милијарда ароматни Little Trees („дрвца”) секоја година и нуди над 60 мириси (во Европа се популарни како Wunderbaum).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK