Остави BMW на сервис – пронајдоа бомба под каросеријата (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственик на BMW X6 од главниот град на Белорусија, Минск го остави својот кросовер за ремонт во сервис со прицврстена бомба Ф-1 на каросеријата“.

Бомбата била откриена од механичар за време на стандардната процедура на прием, која вклучува миење и прелиминарен преглед на возилото.

„Штом го кренавме автомобилот веднаш забележав непознат предмет, кој наликуваше на бомба. Се радувам што сè заврши без последици. Рацете уште ми треперат“, вели Александар Елников.

Од сервисот веднаш повикале деминери, кои брзу успеле да ја остранат опасноста.

На место пристигнала и дополнителна група, која требала да утврди како бомбата се нашла под возилото.

Подоцна лицата во сервисот можеле да си ја извршат нормално својата задача.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK