Остануваат конзервативни: Германците не сакаат возила на гас

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувањето направено од Федералната администрација на патиштата, која претендира за веродостојност и во Европа донесе интересни информации кои велат дека Гермаците не сакаат автомобили на плин. Ова не важи за Балканот каде има голем број на автомобили на гас (течен или компресиран).

Во Германија е поинаку. Станиците за гас се двојно помалку од бензинските станици и иако тие веќе се преориентираат кон алтернативни горива, најмногу се насочени кон електриката. Од почетокот на годината досега пазарот на нови возила во Германија бележи и пад на продажба на дизел возилата со 20 проценти, но и покрај тоа овие возила се најпродавани.

Вкупно 95 проценти од продадените нови возила во Германија од почетокот на годината се или бензинци или дизел автомобили. Германците не пројавуваат интерес ниту кон автомобилите на пропан-бутан, ниту кон оние кои се придвижуваат на метан.

Конзервативно настроеното население многу ретко претпочита електрифицирани автомобили, а притоа во повеќето случаи располагаат со хибриден погон кој вклучува мотор со внатрешно согорување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK