Оpel воведува нов систем за поврзување

ОБЈАВЕНО НА:

Opel ја продолжува брзата интеграција на технологијата на  PSA групацијата, во согласност со стратешкиот план на PACE! По објавувањето дека тимот на инженери во Риселсхајм  ќе го води развојот на лесни комерцијални возила на PSA групацијата и дека 15 центри на надлежност ќе бидат распоредени во седиштето на Оpel, Оpel ќе воведе услуга  за поврзување на PSA групацијата во Европа.

Соодветно на тоа, брендот истовремено ќе започне да ја укинува технологијата OnStar која е во сопственост на GМ, a ќе биде завршена до крајот на 2020 година.

Со новиот Opel Connect, новиот систем за поврзување ќе биде воведен во патнички и лесни комерцијални возила на Опел, почнувајќи од 2019 година. Еден од првите модели што го имаат Opel Connect е новата генерација Corsa, која Оpel, исто така, ќе  ja произведува како електричен автомобил на батерии.

Понудата за поврзување ќе вклучува дијагностика на возилото, помош за кражба на возила и далечински пристап до возилото, како и Apple CarPlay и Android Auto. Од 2024 година, Opel Connect ќе биде достаeп во целата гама на Opel.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK