Опасно ли е да се вози на „рeзeрвa“?

ОБЈАВЕНО НА:

Доста голем број на возачи, некои од една, некои од друга причина (најчесто финансиска) ги возат своите автомобили на „резерва“ односно со минимално количество на гориво. Во таква ситуација се поставува прашањето дали тоа е штетно за автомобилот или не?

Отворот за вбризгување на пумпата за бензин е поставен во најнискиот дел на резервоарот, во специјално вдлабнат дел, а тоа е направено со цел пумпата да зема гориво и кога тоа е минимално.

Мислењето е дека при ниско ниво на гориво, пумпата за бензин повлекува од дното. Тоа не е сосема така бидејќи независно од нивото на гориво во резервоарот, пумпата вбризгува од едно исто место.

Друг мит е дека при речиси празен резервоар пумпата ќе почне да вбризгува вода. Без разлика дали е тоа вода од горивото или таква која настанала од кондензација на воздух во резервоарот. Ако се има предвид фактот дека водата е потешка од бензинот, таа секогаш ќе биде на дното и ќе се најде во моторот без разлика колку е полн резервоарот.

Има уште еден мит, распространет од страна на постарите мајстори. Според нив, ако резервоарот е почесто празен тогаш кондензираната вода образува ‘рѓа во внатрешноста, која се меша со горивото.

Тоа навистина е така, но важи за оние автомобили кои имаат метални резервоари, а денес такви повеќе не се произведуваат и доколку се исклучат некои постари модели на Mercedes, тогаш нема автомобили со такви резервоари.

Исто така често распространето мислење по оваа тема е и фактот дека кога горивото е малку, пумпата за бензин не се лади и ќе биде оштетена. Таквото тврдење има одрeдена вистина, но треба да се знае дека пумпата за бензин нема да биде оштетена.

За вакви случаи е обезбедена посебна заштита. Кога пупмата е сува, таа почнува да се загрева поради недостаток на подмачкување и ладење. Сепак, термичкиот сензор се вклучува пред да бид причинета штета на уредот.