Опаѓа побарувачката за дизел и СУВ автомобили во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Спроти позадината на генералниот пад на побарувачката на нови автомобили во Европа во август, најновите бројки на агенцијата укажуваат на континуиран пад на побаруачката на нови дизел автомобили.

Сепак, со падот на обемот, минатиот месец завршија и екстремно популарните и доминантни СУВ модели и тоа за 3% до ниво од 407.700 единици.

Од JATO коментираат, дека, сепак, завидното позиционирање на СУВ моделите во август во Европа е факт благодарение на пазарното претставување на три модели: Dacia Duster, кој го зазема лидерското место во сегментот, како и второто во општата класификација за месецот, Volkswagen T-Roc и Volkswagen T-Cross, за кои од агенцијата споделуваат дека може да се пофали со повеќе од 50.000 реализирани единици од јануари досега.

Од JATO исто така велат и дека падот на побарувачката на нови дизел автомобили не запира, а во август бил забележан пад од 23% во споредба со истиот месец во 2018 година и 16% во споредба со 2017 година. Како резултат на тоа сериозен пад е забележан и во пазарното учество на дизел возилата. Тука бројките се 42% пад во август во 2017 година, 35% во 2018 до 30% минатиот месец.

Во август во Европа биле закупени 83.700 нови електрифицирани возила, 56% од нив се со хибриден погон. Целосно електричните модели биле 23.200 единици или со 76% повеќе во споредба со истиот месец на 2018 година и со 143% во споредба со 2017 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK