Одземаaт возачки и на пијани со електричен тротинет

ОБЈАВЕНО НА:

Во градот Казан во Русија било запрено лице кое управувало електричен тротинет во алкохолизирана состојба. Инсистирано е да му биде одземена возачката дозвола бидејќи статутот на модерните скудери сè уште не е утврден со закон.

Дмитриј Хотухов, 54 годишниот жител на Казан тврди дека бил трезен, но одбил да биде проверен со алкотест бидејќи ситуацијата ја сметал за апсурдна со оглед на тоа што не управувал автомобил туку електричен тротинет.

Полицијата составила записник, повикала пајак и го однела електричниот тротинет на казнениот паркинг. Неколку дена подоцна Хотухов разбрал дека ќе остане без возачка дозвола бидејќи одбил да му биде направен алкотест.

Тој требало да плати 5.600 рубљи (63 евра) за престојот на тротинетот на казнениот паркинг и одделно за експертиза на превозното средство, која требало да утврди дефект. Хотухов земал адвокат и се заканувал дека ќе ги бара своите права на суд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK