Од овој модел се продадени 100 милиони примероци!

ОБЈАВЕНО НА:

За овој одговор веројатно ќе мислите дека е некое возило, можеби, германско или пак од Азија. Но, сепак вистинскиот одговор е: тоа е на две тркала, а не на четири.

Скутерот Honda Super Cub доживеа неверојатна продажба откако во 1958 година се појави на пазарот. Досега компанијата успеала да продаде над 100 милиони примероци

Honda Super Cub е скутер со мотори од 49 до 109 ccm, а иако веќе помина 61 година од почетокот на производството овој мотор и понатаму се произведува дури во 15 земји низ светот. Бројките се далеку од кинескиот велосипед „летечки гулаб“ за кој се смета дека е произведен во пола милијарда примероци.

Инаку, јубилејниот примерок на овој мотоцикл е произведен во 2017 година, а во поново време во развиените земји на западот повторно влезе во мода и е признат како икона на индустријата на минатиот, но и на овој век.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK