Од Fiat Uno направил Lamborghini

ОБЈАВЕНО НА:

Бразилецот Едимар Соуза Гуларт е голем обожавател на Lamborghini. Толку голем што сонот за сопственост на ваков супер автомобил одлучи самиот да си го оствари.

Својата амбиција и фантазија потковани со своите автомеханички знаења и способности ги искористил за, верувале или не, да направи трансформација на Fiat Uno во Lamborghini.

Toj пред две години го купил автомобилот на старо за 31.000 бразилски реали или конвертирано во евра нешто над 7.000 евра. При тоа Гуларт потрошил една година за да создаде практично нова каросерија врз основата на Fiat Uno. Големо внимание посветил на изгледот и деталите се со цел новиот автомобил во целост да одговара на екстериерот на италијанскиот супер автомобил.

Uno antes de ser transformado em 'LamborgUno' (Foto: Arquivo Pessoal)

Предните светла, крилата, издувните цефки, ретровизорите се само дел на елементите кои се речиси идентични на оригииналот, а единствено нешто што не одговара се димензиите.

Во однос на техничките карактеристики, овој Lamborghini располага со 1.1 литарски бензински агрегат кој продуцира 58 КС и 87 Nm вртежни моменти. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 155 км/ч, а до стотка забрзува за 15 секунди. Новиот назив на овој автомобил е LamborgUno.

Edimar Goulart construiu um 'LamborgUno' (Foto: Arquivo Pessoal)

Целата оваа операција овој ентузијаст го чинела 2.300 евра. Оттука, за да бидете сопственик на супер спортски автомобил потребни се малку пари и многу визија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK