Од 2040 година, секоја Hоndа ќе биде нa струја

ОБЈАВЕНО НА:

Многу компании ги објавија своите планови за целосно или делумно електрифицирање на нивните автомобили, па дури и ја поставија целта тоа да се случи во блиските 5 или 10 години. Од Hоndа исто така објавија детална стратегија, која вклучува превозни средства, кои компанијата ги произведува.

На теорија тоа значи дека секоја Hоndа после 2040 година ќе биде на струја, вклучувајќи ги и моторите и агрегатите за различни машини, кои се произведуваат од Јапонците.

Планот не е изненадувачки, имајќи предвид на тоа каде оди автомобилската индустрија и сè построгите мерки, наложени од Европскиот сојуз. Hоndа веќе покажа еден целосно електричен модел во лицето на малата Hоndа Е, a некои модели од понудата на брендот веќе се нудат со хибридна технологија.

Друга цел на компанијата од Јапонија вклучува воведување на автомобили на водород, што е дел од стратегијата на брендот за намалување на јаглеродни емисии до нула. Според Hоndа тоа ќе се случи во 2050 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK