Од 1 јануари: Во Бугарија важат само електронски вињетки

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку решите на одите на зимување во Бугарија треба да знаете дека од 1 јануари на сила е користење на електронски вињетки наместо досегашните пластифицирани што се лепеа на предното стакло на возилото. Засега ова важи само за сопствениците на возила што се со тежина помала од 3,5 тона. Оние што имаат над 3,5 тона истото ќе го користат од 16 август кога ќе се наплаѓа според изминатите километри за камионите.

Новина е што се воведува и викенд вињетка што ќе чини 10 лева и ќе важи од петок од 12 часот до недела на полноќ.
Цените за патнички возила се следните:
* неделна – 15 лева
* месечна – 30 лева
* 3 месеци – 54 лева
* 1 година – 97 лева

Купувањето може да се направи 30 дена пред денот од кога ви треба вињетката.
Најлесен начин е преку https://www.bgtoll.bg и има неколку јазици како помош за возачите. Но, за жал нема македонски јазик, туку само Бугарски, Англиски, Германски, Српски, Турски, Руски, Романски и Грчки.

За да ја видите картата на пунктовите каде може да се продаваат електронските вињетки: ttps://www.bgtoll.bg/karta

Ако немате купено вињетка и бидете сопрени од полиција казната што ќе ја платите ќе биде неколкупати повисока. За автомобили е 70 лева, за возила од 3,5 тона до 12 тона казната е 125 лева, а за тешките товарни возаила над 12 тона казната е 175 лева. При следната контрола треба да ви биде платена казната, а доколку во рок од 14 дена не се плати тогаш казната е 300 лева з алесни возила и 1800 лева за возиланад 3,5 тона.

Но, ако некој има хартиена вињетка која важи и по 1 јануари, не треба да ја отстранува се до истекот на нејзиниот рок. Истата треба да му биде истакната на видно место.

Контрола дали е платена патарината ќе се врши со возила на т.н. полиција за патарина, кои се опремени со специјална опрема која го снима и скенира бројот на автомобилот и ќе сигнализира ако возачот ја нема платено давачката за користење на патиштата. Бугарската Агенција за патишта веќе има активни 105 вакви автомобили.

Електронските вињетки можат да се купат преку веб- страницата bgtoll.bg, преку мобилна апликација, 500 терминали за самопослужување лоцирани во бензинските пумпи, како и во регионалните испостави за патарина, каде може да се плати во готово.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK