Новите Infiniti ќе бидат со нов супер дизајн

ОБЈАВЕНО НА:

На конкурсот за елеганција во Peble Beach беше направена премиерата на концептот Infiniti Prototype 10, создаден од страна на поранешниот дизајнер на BMW, Карим Хабиб. Прототипот импресионира со адаптираната стилистика од класичен спидстер, но поинтересно етоа што според претставници на брендот така ќе изгледат новите модели.

Поконкретно, ќе следуваат стилистички решенија на Infiniti Prototype 10. Концептот е разработен во јапонскиот дизајнерски центар на брендот, но дигиталниот модел е направен во Велика Британија.

Самото возило, пак е склопено во Сан Диего. Од она што кажува концептот, новите возила од брендот Infiniti ќе бидат поориентирани кон возачот.

Основниот акцент ќе биде ставен на удобноста на возачот. Прототипот е опремен со електричен погон, а детали засега не се соопштуваат.

Од брендот најавуваат дека од 2021 година сите автомобили од бредот Infiniti ќе располагаат со електромотор. Тие ќе бидат или хибриди или чисти електромобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK