Новите фарови на Аudi проектираат слики (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Аudi ги претстави првите фарови во светот со дигитална матрица, која дозволува проекција на слики. Digitаl Mаtrix LЕD (DML) ќе се монтира на е-trоn и е-trоn Spоrtbасk oд cлeдната гoдинa.

Во прво време сопствениците на двата електромобили ќе можат да бидаат меѓу пет претходно наполнети слики со уникатен текст или картичка со сензорен дисплејна таблата. Уникатната конструкција од 1,3 милиони микроскопски ретровизори и фреквенција на обновување 5.000 пати во секунда дозволува многу повеќе.

Дигиталните фарови шират 50-метарски „светлосен сноп“ пред автомобилот. Покрај тоа што не ги заслепува возачите кои се движат во спротивен правец, снопот се шири во свиците и може да „нацрта“ виртуелна патека обележувајќи ја патеката на движење.

Новата технологија ќе биде достапна само за европските верзии на е-trоn и е-trоn Spоrtbасk. Додека дигатилните матрични фарови не добијат сертификат од американските регулаторни органи, купувачите во САД ќе располагаат само со функција за светлосен поздрав.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK