Новиот Volkswagen Multivan ќе понуди модуларен ентериер (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Леснотоварниот оддел на Volkswagen Commercial Vehicles, продолжува да ја загрева публиката на новата генерација на легендата Multivan. Последните новости, кои ги објавуваат од компанијата за новиот Multivan, се поврзани со тоа, што ги очекува патниците во внатрешноста на многуфункционалниот модел. Oсновен акцент се става на трите реда на лично дизајнирани седишта.

Од  Volkswagen Commercial Vehicles велат дека системот на седишта на новиот Multivan е целосно нов бидејќи самата конструкција е лесна и овозможува лесно конфигурирање или целосно остранување на ентериерот на автомобилот.

Благодарение на можностите за целосно персонализирање на конфигурацијата, новата генерација на моделот ветува истата да стане во најфлексибилната понуда на компанијата во овој поглед.

Од брендот исто така коментираат и дека во задниот дел на автомобилот ќе можат да бидат позиционирани до пет лични седишта со можност за поместување или отстранување од внатрешноста, а по желба на клиентите, вториот ред на седишта можеда се ротира за комуникација лице в лице.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK