Новиот теренец на Skoda за Индија ќе се вика KUSHAQ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Skoda објавија дека првиот сериски модел од проектот India 2.0 – теренецот со средни димензии, ќе се нарекува KUSHAQ.

Покрај тоа од Skoda споделуваат дека лансирањето на KUSHAQ на пазарот ќе биде означено на почетокот на новата ера на брендот во регионот, во која тој ќе има целосна иницијатива за трговското присуство на сите дејности на Volkswagen Group.

Првиот чекор во оваа нова стратегија е KUSHAQ, а тој ќе биде следен од уште три целосно нови модели на Skoda и Volkswagen, развиени специјално според очекувањата и потребите на локалните корисници.

Светската премиера на SKODA KUSHAQ, која е развиена на база на специјалната MQB-A0-IN платформа, создадена специјално за индискиот пазар, ќе се одржи во март.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK