Новиот Land Rover Defender предизвика огромен интерес

ОБЈАВЕНО НА:

После успешното претставување на пазарот на новиот Defender 110 веќе се активни и порачките за Defender 90. Новиот Defender е најсилниот и најспособниот Land Rover досега, кој во себе ги комбинира поврзаните технологии на 21 век и неоспорните офроуд карактеристики на Land Rover.

Првите модели Defender 110 на клиентите ќе им бидат доставени во текот на април годинава. Од светската премиера на автомобилскиот саем во Франкфурт во септември во 2019 година Land Rover одбележува огромна побарувачка на новиот хит 4×4 модел. Повеќе од 1,21 милиони лица го конфигурирале новиот Defender на веб страната на Land Rover, а повеќе од пола од нив избрале и еден од четирите пакети со додатоци.

Пакетите Explorer, Adventure, Country и Urban на новиот Defender му даваат различни реинкарнации. За Defender 110, пакетот Urban, кој вклучува полирани метални педали, полирана задна заштитна лајсна, резервна обвивка за гуми и предна заштитна обвивка е најпопуларниот избор. Направен е од страна на повеќе од 35% од конфигурациите, а на второто место е пакетот Explorer.

Новиот Defender е најспособниот и поврзан Land Rover досега, чии корени можат да се откријат во оригиналниот модел од серијата I од 1948 година. Подоцна годинава кон моделната понуда ќе се приклучи и plug-in хибридот (PHEV).

Исконскиот 4×4 ги содржи технологиите на 21. Век и претставува информациско-забавен систем на Land Rover, кој располага со интуитивен интерфејс и сопствена резервна батерија. Распространетите софтверни актуелизации за воздух (SOTA) исто така гарантираат дека клиентите ќе можат да го користат најновиот софтвер во секое време каде и да се низ светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK