Новиот Golf е поекономичен и од дизел возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen планира да го пушти во продажба новиот 1,5 литарски бензин TSI Мотор за својот најпопуларен автомобил Golf. Германците се убедени дека тој мотор ќе може да се покаже како исклучително важен за моделот.

Според компанијата, 4-цилиндричниот мотор има потреба од истото количество гориво како и дизел моторот. Добива предност поради тоа што е поевтин. Просечните вредности покажуваат потрошувачка од 4,8 литри на 100 километри, а при возење надвор од градот потрошувачката е точно 4 литри на 100 километри.

Ова е можно после серијата на подобрувања. 1,5 TSI користи компактна турбина, која се врти исклучително лесно и така 130 коњски сили се достапни уште на ниските вртежи. Покрај тоа, два од цилиндрите се деактивираат при делумно оптоварување, а дополнително друг систем го запира долевањето на гориво при определен режим на движење по инерција.

Golf 1.5 TSI користи и филтер за тврди честички, каков до скоро време се користеше само кај дизел моторите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK