Новата Tata има: Шасија од Land Rover, дизелски мотор од Fiat и менувач од Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Индискиот производител Tata Motors го претстави првиот модел, направен во новиот стил на брендот Impact 2.0. Кросоверот се нарекува Harrier и се изработува на адаптираната платформа D8 од Land Rover Discovery Sport.

Платформата го добива новото име Omega Arc (Optimal Modular Efficient Global Advanced), но ја задржува независната суспензија, попречниот распоред на моторот и пренос 4х4.

Моторот е само еден. Тој е дизел и е позајмен од Fiat. Поконкретно станува збор за 2.0 Kryotec, а во неговата основа е Fiat Multijet II. Моторот е со турбокомпресор со изменета геометрија.

Индискиот кросовер можед а биде опремен, како со механички менувач така и со автоматски. Подледниот е шестстепен и е дело на Корејците од Hyundai. За контрола на одговара системот Terrain Response од Land Rover.

Со други зборови се добива еден автомобилски Франкештајн. Продажбите стартуваат следната година, но од компаниајта веќе имаат добиено порачки со депозит од 360 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK