Новата Skoda Kodiaq RS доаѓа со битурбо дизел мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Од Skoda продолжуваат да ги подготвуваат фановите за најмоќната верзија на најголемиот СУВ модел. Станува збор за Kodiaq RS, кој ќе биде виден на саемот во Париз на почетокот на октомври и на интернет малку порано.

Под хаубата на брзиот СУВ ќе има 2.0 – литарски битурбо дизел мотор со максимална моќност од 240 коњски сили. Ваков мотор користи и Volkswagen кај моделите Tiguan и Passat.

Силата на 4-цилиндричниот агрегат ќе се испраќа до сите четири тркала со помош на автоматски менувач со две спојки. Kodiaq RS ќе се претвори во најмоќниот сериски дизел автомобил на Skoda.

Првиот СУВ во историјата на Skoda со ознака RS е носител на рекордот за СУВ со седум седишта на патеката долга 20,8 килоетри на „Нирбургринг“. Автор на рекордот е Германката Самине Шмит, која е пилот, водител на Top Gear и двокретен победник на трката „24 часа на Нирбургринг”. Времето кое го има постигнато Сабине е 9.29,84 минути.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK