Новата Opel Astra со пет врати ќе биде со француски мотори на PSA

ОБЈАВЕНО НА:

Во април се појавија фотографии од изменетата верзија на хечбекот OpelAstra, но тогаш се предвидуваше дека обновуваето ќе биде само во делот на дизајнот и ќе биде чисто козметичко. Сепак, сега станува јасно дека машината ќе ја обнови и движечката гама, а кон старата платформа на концернот GM ќе бидат приспособени мотори на концернот PSA. Се работи за бензинецот турбо 1.2, како замена за досегашната турботројка 1.0 литри и најновиот дизел 1.5 BlueHDi место сегашниот 1.6 CDTI.

Адаптацијата на француските мотори кон германскиот модел создаден далеку пред преминувањето на Opel од GM кон PSA не е така лесна задача. Сепак, после ова ќе се добие сериозна заработувачка од ефектот на далеку поголемиот обем на производство на мотори во рамките на францускиот концерн, како и поголем потенцијал за развој на француските мотори за зголемување на нивната чистота во однос на германските.

Се смета дека Французите ќе му помагаат во иднина на Opel со имплементирање на хибридни системи за придвижување. Во прв момент тоа ќе бидат „меки“ варијанти со мал мотор-генератор, приклучен кон стандардниот ДВГ.

Порадикални промени во Opel Astra се очекуваат од следната генерација која ќе премине целосно на францускиот бран со нејзиното лансирање и платформа EMP2 на конценрност PSA. Таа генерација се очекува на пазарот во периодот од 2020 до 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK