Новата Honda Jaz летово пристига и во Европа (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку недели пред официјалното лансирање на пазарот во Европа во текот на летото, Honda откри дополнителни информации за целосно новата генерација на хит и амблемскиот за овој бренд, моделот Jazz.

Jazz, кој со својот исклучително флексибилен и модуларен ентериер, а од новата генерација и со фактот дека се нуди единствено и само со хибриден погон, ќе се појави во Европа со цена од 22.000 евра (Германија) за основната верзија на опрема и за 26.250 евра во верзијата Crosstar, при која сериозен акцент е зголемувањето на растојанието од патот.

Благодарение на хибридниот погонски систем e:HEV, максималната моќност е 109 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 253 Нм, новата Honda Jazz ветува да им понуди на идните сопствеици можност да изминат 100 километри со минимални 4,5 литри годиво и да издвојат само 102 грама CO2 на километар за време на управувањето на автомобилот.

Самиот хибриден систем на новиот Jazz е составен од два електромотори, 1.5-литарски DOHC i-VTEC бензинов мотор, литиум-јонска батерија и автоматска трансмисија со интелигентно управување. Автомобилот е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 9,4 секунди и да развие максимална брзина од 175 км/ч.

И покрај компактните размери и благодарение на уникатните модулни седишта Magic Seat, новиот Jazz нуди простор во внатрешноста и товарен простор кој може да достигне обем од 298 до 1203 литри. Слично на новиот електромобил Honda e, и новиот Jazz исто така ќе се нуди со системот Honda Personal Assistant, кој дава можност за корисниците да добијат пристап до редица онлајн услуги и функции.

Основен акцент при новата генерација на Honda Jazz е системот за зголемување на безбедноста Honda SENSING, која е вклучена во стандардната опрема на моделот.

Секој од неговите претставници ќе биде екипиран со системот за избегнување на удар со функцијата за препознавње на пешаци и велосипедисти, адаптивна круз контрол, систем за задржување на автомобилот во лента и друго.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK