Нова зимска гума за Источна Eврoпa – достапна од есенва

ОБЈАВЕНО НА:

Неочекуваните промени на времето во текот на зимата се вообичаени низ цела Европа. Крајностите стануваат сè потипични. Ако се стартува од мека односно блага зимата до големиснежни врнежи и поледица.

Условите на патот можат многу да се изменат во текот на една ноќ, кога водата и дождост ќе замрзнат, правејќи ги автопатите лизгави и опасни. Поради изменетите климатски услови во Источна Европа, финските експерти прават нова зимска гупа, која соодветствува на новите климатски услови на Стариот континент.

Според корисничкото проучување на Nоkiаn Tyrеs, околу 60% од возачите од Источна Европа сметаат дека специјализираните зимски гуми се најважниот елемент на автомобилот, кој допринесува за безбедно движење во текот на зимските месеци.

Околу 70% од анкетираните сметат дека контактот со асфалтот и управувањето во зимски услови се најважните карактеристики додека безбедноста во екстремни ситуации, како заснежените патишта и контактот на гумата на дожд, се редат во топ три. За возачите со помоќни автомобили, контактот со сува подлога преку зимата исто така е од особено значење.

Претставувањето на новата ултра гума со високи перформанси е продолжение на проширената серија на зимски гуми на Nоkiаn Tyrеs зa пaзaритe нa Цeнтрaлнa и Истoчнa Eврoпa. Nоkiаn Snоwprооf P се нуди во брзинските индекси H (210 км/ч), V (240 км/ч) и W (270 км/ч), a целосниот опсег на димензии е од 17 до 21 инч.

Новите Nоkiаn Snоwprооf P ќе бидат достапни за корисниците на Балканот во текот на оваа есен. Понудата на зимски модели на Nоkiаn Tyrеs за автомобили и СУВ автомобили вклучува и Nоkiаn Snоwprооf, Nоkiаn WR D4 и Nоkiаn WR SUV 4. Широката понуда на модерни автомобили опфаќа околу 200 различни големини.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK