Нова понуда: Купи си Lamborghini на старо

ОБЈАВЕНО НА:

Automobili Lamborghini ја најави својата нова програма Selezione Lamborghini Certified Pre-Owned, која вклучува набавка на користени автомобили, кои се продадени од официјални дилери на брендот.

Од Lamborghini најавуваат, дека понудените автомобили според новта програма поминале детален сервис тест и покрај тоа секој од нив треба да исполнува одредени услови за да може да биде заверен. Возилата се не повеќе од 70.000 поминати километри за супер спортските модели и 100.000 километри за СУВ URUS, а соодветно не се на повеќе од 84 или 100 месеци.

Автомобилите вклучени во Selezione Lamborghini Certified Pre-Owned се сервисираат целосно според условите на легендарната програма, а пред влегувањето во програмата минуваат целосна дијагностика и се проверуваат по список со 150 точки, а тука се вклучени надворешноста, внатрешноста, електрониката, системот за запирање, агрегатите и други.

Секој еден од автомобилите се продава со гаранција од 12 месеци, која може да биде зголемена на 24 месеци и може да биде префрлена без дополнително плаќање при евентуална распродажба на автомобилот.