Nissan GT-R влегува во сериско производство (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот сериски GT-R50, кој е развиен во соработка со ItаlDеsign, ќе биде покажан на фестивалот Nismо 2019 и истиот ќе се одржи овој викенд, а клучевите ќе бидат врачени на купувачот на саемот во Женева во март следната година. Оваа информација беше објавена од страна на Nissаn.

Компанијата од Јапонија планира да произведе ограничена серија од специјалниот модел, а поголем дел од 50-те возила веќе се капарисани. На купувачите им останува само со Nissan да ги усогласат индивидуалните спецификации на автомобилите.

Основната цена на GT-R50 e 990.000 еевра или приближно колку пет GT-R Nismо, на чија база е изграден и специјалниот модеч. Сите 50 примероци ќе бидат доставени до клиентите до крајот на 2021 година.

Nissаn порача GT-R50 нa ItаlDеsign, за да ја одбележи 50-годишнината на GT-R. Автомобилот има модифициран 3.8-литарски V6 мотор со два турбокомпресори и моќност од 710 коњски сили и 780 Нм – со 110 коњски сили и 128 Нм повеќе од стандардното Nismо.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK