Ништо од евтините возила: Германците ќе се борат против забраната за дизелите

ОБЈАВЕНО НА:

Министерот за финансии на Германија изјави дека мора да се направи сè што е можно за да се избегнат забраните за дизел возилата, а во исто време им даде и поттик на градовите и општините да инвестираат во градење на станици за полнење на електромобилите.

Олаф Шолц се изјасни како скептик дека со укинувањето на даночните намалувања за дизел возилата ќе има поттик за автомобилската индустрија побрзо да ги лансира новите возила кои помалку ја загадуваат природата.

Новиот министер воедно ги отфрли и повиците кон владата да предложи финансиски олеснувања за да се обезбеди лансирање на почисти дизел автомобили и да се намалат штетните емисии низ градовите со силно загаден воздух.

„Тоа е задача за автомобилската индустрија, која треба да ги разработи возилата што ќе одговараат на актуелните и идните барања за чист воздух. Треба сериозно да позборуваме за тоа како можеме да обезбедиме повеќе електромобили на патиштата или како да го рашириме јавниот транспорт“, вели Шолц.

Шолц дава поддршка за дизел автомобилите и признава дека ја споделува загриженоста на другите сопственици на таквите возила дека во иднина ќе им биде забранет пристапот до многу германски градови.

„Треба да направиме сè што е можно за да не дојде до забрана за дизел возилата во градовите“, вели Шолц, кој бара градовите и општините да ја намалат емисијата на штетни супстанции и да инвестираат во електричен транспорт и станици за полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK