Не е виц: Полицијата редовно долева погрешно гориво во возилата

ОБЈАВЕНО НА:

За полицајците секогаш има вицови со кои сака да се исмејат, па не ретко и вестите се така напишани да се им се фати сеир. Но, во В.Британија еден факт укажува на тоа дека полицијата недомаќински се однесува со возилата. Во 2017 година, полицијата во Велика Британија ги наполнила возила со погрешно гориво 299 пати. Трошоците за отстранување на последиците од оваа негрижата достигна 53.337 фунти (61.264 евра), пишува Telegraph & Argus.

Дури 33 од 45 единици на полицијата до кои весникот упатил барања, признале дека минатата година платиле за поправки поради полнење со бензин наместо дизел и обратно. Просечната цена на поправките беше 178 фунти (204 евра). Најголем број на такви инциденти – 66, биле регистрирани во окружниот полициски округ Вест Мидлендс.

Лондонските полицијаци дури 49 пати наточиле погрешно гориво. Ова го чинеше менаџментот 17.589 фунти (20.204 евра). Шкотските полицајци се збуниле на бензинските пумпи 16 пати, а штетите на службените возила биле во вредност од 2.004 фунри (2.303 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK