Најштедлив BMW: Модел X3 што троши 2,4 литри

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW објави дека во текот на декември во продажба ќе ја пушти најекономичната модификација на X3.

xDrive30e може да помине по 50 километри само на струја, а потрошувачката му е неверојатна од 2,4 литри на 100 изминати километри, а двојниот пренос останува активен во сите работни режини на хибридната платформа за моќност.

Се состои од 2,0 литарски бензински турбополнач и електромотор и развива системска моќност од 252 коњски сили.

При интензивно забрзување може да се зголеми со уште 41 коњска сила за кратко време, што му помага на xDrive30e да достигне до 100 км/ч од место за 6,5 секунди.

Батериите на новиот хибриден кросовер се наоѓаат под задното седиште за да се заштеди простор. На тој начин капацитеот на багажникот нема многу загубено и достигнува 450 литри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK