Најнова анкета: Две третини од Европјаните бараат забрана на моторите со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Новото истражување на Европската федерација за транспорт и животна средина, спроведено во 15 европски градови, покажа дека речиси две третини од населението ја поддржува забраната за продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2030 година.

На Интернет-анкетата учествуваа 10.050 лица од осум европски земји – Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија.

Истражувањето покажа дека 63 проценти од жителите на градовите кои се најмногу изложени на токсични нивоа на загадување на воздухот го поддржуваат возењето без емисии по 2030 година.

Европската унија постави високи цели поврзани со климатската зона. Со помош на Зелениот план, Европа треба да стане првиот континент до 2050 година што ќе ги отстрани емисиите на јаглерод диоксид (СО2) колку што произведува. Преодната цел на ЕУ е да ги намали емисиите за 60 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година.

Пет земји-членки на ЕУ законски го дефинираа постигнувањето на климатска неутралност: Шведска планира да има нула стапка на емисии до 2045 година, а Данска, Франција, Германија и Унгарија до 2050 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK