Најдобрите автомобилски ентериери за 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Американското Ward’s Auto го одбра изложбениот салон во Њујорк за да го претстави годишното (деветто по ред) рангирање на најдобрите автомобилски ентериери. Оценката е базирана на проценката на удобноста, естетиката, ергономијата, квалитетот на употребените материјали и прецизноста на монтажата.

Оваа година жирито избраше меѓу 32 кандидати од кои се избрани десетте најдобри ентериери. Во класификацијата се најдоа најразлични модели – купеа, кросовери и седани без разлика на цената.

Bentley Continental GT, $276.730 (€246.059)

Ward’s Auto: „Ентериерите, кои ги изработуваат 1000 работници во фабриката во Кру ги изработуваат во период од 100 часа, нема како да не се најдат во ова рангирање. Според тапацирот на секое купе има 310.675 шава, а меѓу користените материјали се дрво, метал и кожа“.

BMW M850i, $119.295, (€106.078)

Ward’s Auto: „Ентериерот на тестираното возило беше тапациран со црна и кафена кожа. Многу ни се допаѓа кристалната рачка, копчињата и мултимедискиотсистем. Ергономијата, квалитетот на дисплејот, материјалите и адекватната работа на гласовнотоуправување заслужуваат највисока оценка“.

Genesis G70, $44.895 (€39.919)

Ward’s Auto: „Во Genesis сè е максимално интуитивно, а во него едноставно е пријатно да се биде. Впечатокот го направија велурентниот таван, декорациите од алуминиум, ергономијата и конфорните задни седишта“.

Hyundai Santa Fe, $39.905 (€35.482)

Ward’s Auto: „Тест автомобилот имаше загревање на задните седишта, безжично полнење на телефон, сиво-кафен тапацир и декорации од алуминиум. Ни се допаѓаат квалитетени материјали, невообичаен дизајн на решетките на звучниците“.

Jeep Gladiator, $51.245 (€45.565)

Ward’s Auto: „Во внатрешноста има бројни делови за предмети вклучувајќи го и подот и опционален Bluetooth со сопствена батерија. Ни се допадна мекиот спуштен кров, кој се собира лесно со рака“.

Lincoln Nautilus (бивш MKX), $67.630 (€60.137)

Ward’s Auto: „Таванот е тапациран со Алкантара, повеќето внатрешни елементи се покриени со кожа, а изборот на бои за осветлување на салонот е огромен. Мултимедијата SYNC реагира веднаш и има удобно мени“.

Mercedes-Benz A-Klasse, $51.935 (€46.179)

Ward’s Auto: „Ни се допаднаа мултимедискиот систем MBUX со навигација и функција за дополнителна реалност, ефективно гласовно управување, интуициско мени и квалитетни екрани“.

Nissan Kicks, $23.330 (€20.744)

Ward’s Auto: „Материјалите во ентериерот не се никако лоши, кога ќе се има предвид цената на автомобилот. Седиштата се удобни, а портокаловите шавови се комбинираат одлично со осветлувањето на копчиата на централната конзола“.

Toyota RAV4, $39.565 (€35.180)

Ward’s Auto: „Ни се допаѓа меката пластмаса на арматурното табло, петте USB-порта во салонот, атмосферското осветлување, искористените материјали и комбинациите на бои во изгледот на седиштата и рамките на вратите“.

Volvo V60, $54.690 (€48.628)

Ward’s Auto: „Под кожата ни влезе скандинавската едноставност на централната конзола, квалитетот на материјалите, прецизните склопови, топлината и удобноста на салонот“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK