На овие сообраќајни камери никој не може да им побегне, ниту возачите кои користат мобилен

ОБЈАВЕНО НА:

Новите камери во сообраќајот кои се присутни на патиштата во Холандија, кои пред сè се наменети за следење на користење на мобилни телефони во сообраќајот би можеле да бидат од голема корист и да спречат голем број на сообраќајни несреќи.

Се чини дека со овие камери сметката на министерството за финансии ќе биде далеку побогата со оглед на навиките кои ги имаат возачите.

Во последните години повеќе од 120.000 казни кои им се врачени на возачите се поради користење на телефон зад воланот. Тоа го покажуваат податоците на институтот за безбедност во сообраќајот. Овие казни се собрани со класичен метод на полициски надзор. Сега сè се менува и со камерите потенцијалот за ловење на прекршоци е многу поголем.

„Ако новите паметни камери работат во текот на целата година, бројот многу лесно ќе се удвои. Тие гледаат сè“, вели државниот сообраќаен обвинител, Ахил Дамен.

Во текот на тест периодот, за само шест часа две камери снимиле повеќе од 400 возачи кои користеле телефон во возење (праќале пораки или разговарале), а тоа е доволно за парична казна од речиси 100.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK