Мрак за класичните спортски автомобили во Европа!

ОБЈАВЕНО НА:

Легендардната реплика од филмот Pulp Fiction: Zed is Dead – полека фаќа корени на европскиот континент. Новиот Nissan Z, кој е само еден во низата на спортски (бензински) автомобили кои нема да може да се гледаат, слушаат и возат во Европа.

Строгите прописи на Европската унија за емисија на штетни гасови на многу произведувачи им ја смени стрелката на патоказот во правец на Германија, Франција, Шпанија…

Едноставно повеќе не им се исплати да плаќаат пенали поради високите емисии на СО2, а во некои држави како Франција, властите толку ги зголемија давачките за автомобили со високи емисии на штетни гасови што многу од нив би биле ценовно неконкурентни.

Освен новиот Nissan Z или Zed во Европа нема да дојде ниту новиот Subaru BRZ, а истото важи и за редизајнираниот Hyundai i30 N. Renault, пак, најави дека Megane RS во новиот облик ќе може да се купи до 2023 година и потоа ќе биде ставен крај. Peugeot го укина 308 GTi…

Прашање е дали и кои спортски возила ќе ги гледама во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK