Мора на сервис: Овој модел на Hyundai може да има проблем со ABS/ESC

ОБЈАВЕНО НА:

Корејскиот производител на автомобили Hyundai ќе мора да повика на сервис одреден број на возила од моделот i30. Погодени со оваа сервисна акција се автомобилите продадени на европскиот пазар а произведени од мај 2007 до мај 2012 година. Сите возила потекнуваат од фабриката во Кореја.

Предупредувањето за можниот проблем доаѓа од сопственици и сервисери од Португалија, а слични проблеми се појавиле и кај возила продадени во Германија, Ирска, Полска и Словенија.

Во објаснувањето на Европската комисија за безбедност на производи што не се храна се вели:
„Возилата може да имаат електричен краток спој на модулот за ABS / ESC, што може да ги оневозможи овие системи. Ова ќе ја наруши ефикасноста на сопирањето на возилото, зголемувајќи го ризикот од несреќа“.

Со оглед на популарноста на моделот можно е вакви возила да биле продадени и на други пазари во Европа. Бидејќи Македонија не е дел од ЕУ, за ваквите сервисни информации не се опфатени потрошувачите од нашата земја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK