Моќна алијанса: Renault-Nissan и Mitsubishi во сојуз за електрификација

ОБЈАВЕНО НА:

Три компании планираат фузија на нивните автомобили која би требала да биде речиси реализирана до 2022 година. Се работи за Renault-Nissan-Mitsubishi кои формираат алијанса која би требала да даде добри резултати. Ова спојување ќе биде врз база на три основни работи: Електрификацијата, поврзаноста и автономија.

„Веруваме дека нашите сè повеќе поврзани, интелигентни, автономни и незагадувачки автомобили ќе ни помогнат да се соочиме со предизвиците кои ги носи иднината. Ние гледаме во иднината, во која роботизираните превозни средства ќе играат голема улога во општата мобилност на еко-системот“, вели потпретседателот на Поврзани автомобили и мобилност на алијансата, Оги Режиц.

Во однос на електрификацијата, алијансата може да се пофали со успешното претставување на првиот 100% електричен модел – Nissan Leaf од кој веќе се произведени повеќе од 270.000 примероци, како и од лесното товарно возило, Nissan e-NV200. Од Renault електромобил од 2011 година наваму се произведени 125.000 примероци и тоа од моделите ZOE, Kangoo Z.E., Fluence Z.E., SM3 Z.E. и Twizy.

Renаult е лидер на европскиот пазар на електромобили и држи дури 25 проценти од него, а моделот ZOE е најпродаваното електрично возило во Европа.

Проценката за новата алијанса е дека до крајот на 2022 година од Renault-Nissan-Mitsubishi ќе бидат пуштени во продажба 12 нови електрични модели, а 70 проценти од нив ќе бидат разработени на општа платформа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK