Mitsubishi подготвува нов мал SUV модел

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi наскоро ќе ја зголеми својата понуда на SUV модели со уште еден кој ќе биде димензионално најмал.

Оваа вест ја потврдија повеќето медиуми кои се повикаа на интерни извори. Интернет сајтот Best Car објави и рендер од можниот изглед на овој нов модел.

Новиот SUV најверојатно ќе се темели на CMF-B платформата развиена од страна на Renault-Nissan Алијансата, платформа која ја користат повеќе модели на Renault и Nissan. Оттука овој нов модел ќе ја дели технологијата со останатите Renault и Nissan модели.

Во понудата ќе дојде со 1,5 литарски бензински мотор кој во моментов го користи моделот Eclipse, а ќе биде достапен и во plug-in хибридна верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK