Mitsubishi ASX со лифтинг Бр.4

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi ASX полека станува шампион по лифтинг со оглед на тоа што моделот беше лансиран во 2009 година и досега бројот на освежувања стигна до четири додека основните физички карактеристики остануваат непроменети.

Меѓу дополнувањата е и изменетиот преден дел имплементиран во актуелниот нов стил на Mitsubishi. Внатрешноста исто така е значително модернизирана, со 8-инчен сензорен екран за работа со инфозабавниот систем и цела понуда од помошни системи како:  следење на слепите зони, помошник при паркирање, сопирачки во итни случаи, чување на лентата и автоматско долго светло.

Не е чепнат просторот за багаж, обезбедувајќи простор до 1206 литри. За движењето одговара дволитарскиот бензинец со 150 коњски сили и максимален вртежен момент од 195 Нм заработен доволно со помош на Outlander. Со новиот мотор опцискиот 4WD се враќа кон ASX, додавајќи уште една понуда на Mitsubishi во сегментот на СУВ и кросоверите.

Клиентите имаат избор за помог само на предните тркала со петстепен мануелен или CVT автоматски менувач или со погон на четири тркала со автоматски CVT.

Како дополнување кон основната верзија, Mitsubishi нуди ASX во опремата на Plus и Top и во Intro и Intro + изданијата. Цените во Германија почнуваат од 22.900 евра, но „пропорачаниот почетен попуст“ до крајот на 2019 година е 3.000 евра, а вистинската цена почнува од 19.990 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK