Michelin со иновациски производ: Со новата гумa вашиот автомобил е седум отсто поефикасен

ОБЈАВЕНО НА:

Бидејќи гумата треба поретко да се менува, на 35.000 километри би требало да заштедите околу 80 евра. Ова би можело да биде интересен производ за сите возачи кои се заинтересирани за заштеда така што ќе се види какви ќе бидат безбедностните параметри.

Произведувачот на гуми, Michelin следната година ќе претстави нов вид на гуми кои автомбилите би ги направила поефикасни за 7 проценти. Ова би требало да биде одлично решение особено за електричните автомобили, а тоа го потврдуваат и од Michelin.

„Електричниот автомобил на гумите e.Primacy може лесно да помине 30-тина отсто повеќе километри од споредливиот модел на сегашните гуми“, велат од Michelin.

Оваа компанија во текот на презентацијата откри клучни детали за новите гуми e.Primacy. Познатиот произведувач на гуми од францускиот Клермон Феран истакна дека производството на овие еколошки дизајнирани гуми во целост е СО2 неутрално.

„Го направивме комплетниот ланец одржлив. Тој почнува со екстракција на нашите суровите во нашите фабрики кои користат зелена енергија и завршува со начинот на кој повторно ги користиме гумите на крајот од нивниот животен циклус. Ова е првата гума за која е точно познато колку е влијанието на овој производ на животната средина“, додаваат од Michelin.

Покрај тоа, од Michelin велат дека новата гума ќе даде значителен придонес во процесот на зголемување на ефикасноста на автомобилот. Поради подобрување на системот на гумата, меѓудругото, гумите имаат понисок отпор на триење, што значи дека моторот на автомобилот не мора да вложи толку напор за гумите да се движат.

Со оглед на тоа дека е потребна помала енергија, од резервоарот за гориво или од батеријата се добиваат повеќе километри. За електричниот автомобил со домет од 400 километри опсегот се зголемува за околу седум проценти со нова гума што е за 30 километри по полнење.

Гумата која ќе биде достапна во 56 големини (меѓу 15 и 21 инч) од 1 март во 2021 година би требала да трае подолго од сегашните типови на гуми. Од Michelin тврдат дека после 30.000 километри e.Primacy и понатаму е гума која ги исполнува европските правила кои важат за новите гуми во текот на возењето по влажни патишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK