Mercedes SL со гулвинг врати продаден за 3,1 милион евра

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes 300SL постави нов рекорд, барем кога е во прашање продажбата на аукција. Легендарниот модел од 1963 година е продаден за неверојатни 3.143.000 евра или за речиси 2 милиони евра повеќе од првично очекуваната сума.

Автомобилот се карактеризира со многу мала помината километража – само 1.372 км, а при тоа сите делови и целиот екстериер е оригинален, уште од 1963 година. Исклучок е бојата на каросеријата која е пред неколку децении целосно обновена.

Друг интересен факт е и тоа што токму овој автомобил е еден од последно изработените од страна на германскиот производител. По неговото производство Mercedes произвеле само уште 10 примероци кои доколку се појават на аукција сигурно дека ќе достигнат идентична цена.

Mercedes 300 SL

Овој автомобил е многу популарен и ценет помеѓу колекционерите особено поради т.н. гулвинг вратите. За прв пат се појавува во 1952 година кога е произведен во спортска изведба додека купе и кабрио изведбата се појавуваат две години подоцна. Во фабриката во Штутгарт каде што и се произведуваше, во периодот од 1952 до 1963 година се произвеле само 6.500 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK