Mercedes повикува над 600.000 возила на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот Der Spiegel донесува информација која вели дека Mercedes-Benz најверојатно ќе мора да повика во своите сервиси над 600.000 дизел автомобили од моделите C-Class и G-Class. Според неофицијални информации, проблемот на возилата се наоѓа во софтверот за управување на моторот, кој може да ги смени работите според различните режими на оптоварување и на тој начин да манипулира со отчитувањата на штетни гасови.

Репортажата направена од страна на списаноето доаѓа само неколку дена откако германското биро за управување на транспортот KBA му нареди на Mercedes  да го прегледа 1.6-литарскиот дизел мотор на неколку модели Viano. Тоа е истиот мотор кој Renault го користи кај еден добар дел од своите возила.

Минатата година француската фирма беше осомничена за користење на истиот тип на манипулациски софтвер, каков Volkswagen има користено за време на избувнувањето на Дизелгејт. Сепак, немаше пронајдени докази за такво нешто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK