Mercedes-Maybach со СУВ модел есенва

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Maybach ги дефинираат своите продукти како екслузивен луксуз, максимална удобност и врвна технологија од светот на автомобилското инженерство, услугата и додатоците, а следен чекор во развојот на единицата ќе биде направен оваа есен, кога ќе биде промовиран неговиот прв СУВ автомобил.

Како евентуален пример за тоа, што може да се очекува од првиот СУВ на Mercedes-Maybach тие ја посочуваат концепцискиот дизајн на Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury 2018, кој ќе дебитира за време на саемот во Пекинг.

Концептот Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury, за кој делот на Mercedes го објави како специјално развиена идеја за кинескиот автомобилски пазар, беше објавен и како луксусен СУВ седан.

Основните димензии беа 5260мм должина, 2110 мм ширина и 1764 мм висина. Погонот на возилото ќе биде чисто електричен. Интергирани се четири електромотори, а општата моќност е 750 коњски сили.

Батерискиот блок на концепцискиот блок има капацитет од 80 kWh, што е доволно за изминување на повеќе од 500 километри со едно полнење, а максималната брзина на движење може да достигне до 250 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK