Mercedes-Benz со нова стратегија, неколку нови автомобили и повеќе луксуз

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Mercedes-Benz објавија нова стратегија за развој, која предвидува посветување на уште поголемо внимание на целосно електричните и електрифицирани автомобили, како и да се доведе брендот на ниво, кое предлага уште повеќе луксуз. Големи надежи од компанијата се вложуваат и на одделите AMG, EQ и Maybach, кои ветуваат зголемување на нивното портфолио.

Во однос на целосно електричните пазарни понуди од Mercedes-Benz ветуваат четири целосно нови возила, кои ќе бидат развиени на база на претстојната платформа EVA (Electric Vehicle Architecture).

Првата интерпретација на платформата ќе биде видена во текот на следната година со луксузниот седан EQS, кој ветува слободно движење во чист електричен режим од над 700 километри.

Луксузниот седан ќе биде следен од EQE и SUV моделите EQS и EQE, а електрични продукти ќе добијат исто така и AMG, Maybach и G.

Од 2025 година Mercedes-Benz ќе лансира уште една платформа за електромобили, која ќе биде интегрирана во дополнителните нови автомобили од компактната средна класа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK