McLaren Speedtail ќе вози до 400 км/ч. (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Speedtail е новиот супер моќен автомобил на McLaren кој верувале или не ќе може да постигне брзина од 400 км/ч.

Овој модел кој е дел од т.н. Ultimate Series е директен наследник на McLaren F1, a според достапните информации ќе располага со хибриден погонски склоп со основен 4.0 V8 twin-turbo мотор со најмалку еден дополнителен електромотор. Со овие мотори, Speedtail ќе може да постигне максимална брзина од 400 км/ч, а до стотка ќе може да забрза за нешто помалку од 2,5 секунди.

Како што информираат од производителот, ќе бидат произведени само 106 примероци, а цената на еден примерок ќе изнесува 1.8 милиони евра. Сепак ако планирате да бидете иден сопственик на овој модел тоа ќе биде речиси невозможно бидејќи сите примероци се веќе продадени.

Сепак можете барем да мечтаете за него. Тоа е дозволено и нема да ве чини ништо.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK