Mazda стартува со производство на првиот електричен автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mazda објави дека во фабриката на брендот во Хирошима во Јапонија почнало производство на првиот, во историјата на компанијата, целосно електричен автомобил МХ-30.

Mazda MX-30, за која од брендот велат дека претставува одговор за непрекинато зголемено барање на електромобилите во Европа, е опремена со e-Skyactiv погонски систем за предните тркала.

Моќноста, на која ќе можат да сметаат идните сопственици на моделот е 145 коњски сили, интегрираниот блок е со капацитет од 35,5 kWh, а слободниот опсег на автомобилот е околу 200 километри според WLTP циклус. Со помош на правилна инфраструктура за полнење, 80% од батеријата може да биде наполнета за околу 40 минути.

MX-30 има основни димензии од: должина 4.395 мм, ширина 1.795 мм и висина од 1.570 мм, додека растојанието меѓу оските е 2.655 мм, и доаѓа со нестандардно спротивно на прифатеното за стандард во автомобилската индустрија за отворање на задните врати.

Електромобилот Mazda MX-30 веќе е достапен за нарачка, а првите испораки на европските дилери се очекува да бидат направени во текот на есента.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK